Успешно заврши операцијата за спасување на околу 700 имигранти во Средоземно Море откако товарниот брод „Барис“ со кој патуваа беше извлечен од фрегата на грчката морнарица до пристаништето во Иерпетра на островот Крит, јавуваат грчките медиуми.
На бегалците им се обезбедени храна и вода. Меѓу нив имало и бремена жена, која е хоспитализирана.
Оштетување на моторот во меѓународни води е причина бродот со емигранти да остане во милост на брановите и силниот ветер.
Според првичните информации, на бродот имало Сиријци и Авганистанци кои сакала да стигнат до Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.