| четврток, 6 декември 2018 |

Русија го јакне военото присуство на Крим, НАТО загрижен

Руската воена авијација распореди 14 авиони-ловци на полуостровот Крим, каде има своја обновена воена база.
Десет авиони-ловци Су-27 и четири Су-30 М2 биле дислоцирани од кримската област Краснодарск во ескадрила, која ќе се состои од вкупно 30 воени летала.

Единицата е распоредена на аеродромот Белбек во Севастопољ, каде се наоѓа и историската база на руската Црноморска флота. Според руската армија, аеродромот бил обновен и сега е еден од најмодерните.

Во последните недели Русија го зајакна своето воено присуство на Крим. Таа одлучи да отвори повторно база за противракетна одбрана и да одвои над 1,75 милијарди евра до 2020 година за развој на Црноморската флота.

Токму поради милитиризацијата на Крим главниот командант на сојузничките сили на НАТО генерал Филип Бридлав изрази загриженост.

– Руското оружје, проектили и противоздушни ракети распоредено на Крим имаат дострел кон целото Црно Море, изјави генералот на пресконференција во Киев.

Тој денеска во Киев имаше средба со претседателот на Украина Петро Порошенко и со премиерот Арсениј Јацењук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top