| четврток, 6 декември 2018 |

Измени во законот: Ќе им се одзема службеното оружје на насилните лица

Разгледани се можностите за унапредување на системот за превенција од насилство, особено во делот на насилството кое се врши со оружје кое е во посед на приватни или службени лица, на вчерашната седница на Владата.

– Оние службени лица коишто во извршувањето на своите службени задачи по сила на закон имаат допир со оружје, доколку евентуално би биле пријавени дека се сомничат за извршувањее на определено дело кое во себе содржи елемент на насилство, во соодветна процедура да биде ограничена можноста за нивен допир со оружјето коешто службено го поседуваат и го употребуваат во вршење на своите службени задачи,  посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Формирана е посебна работна група со претставници од МВР, МО, МТСП, МЗШВ и останнати институции кои во рок од една недела треба да изготват информација и да ја известат Владата околу можностите за креирање на нова законска нормативна-регулатива во институциите каде таа не постои и квалитативно унапредување во оние каде што постои.

– Треба да се предвиди и соодветната постапка во определени ситуации како би дошло до ограничување до простапот на оружје на едно службено лице кое што би се сомничело за сторување на дело со елементи на насислтво, истакна Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top