| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик избоден кај трговскиот центар Лептокарија

Во вербална расправија помеѓу ученици едно момче е избодено утрово околу 10 часот и 30 минути пред пекарата „Специјал“ во трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје.

Според информациите на Пресс24, инцидентот започнал како вербална расправија меѓу средношколци од ГУЦ Здравко Цветковски по што еден од учениците извадил нож и нападнал друго момче. Сторителот бил малолетен ученик од село Грчец.

Повреденото момче се здобило со телесни повреди и по интервенција на Брза помош е префрлено во болница.

По кусо време било приведено едно лице кај кое е најдено оружјето со кое е извршен нападот. Се уште се утврдува дали се работи за сторителот на делото.

Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top