„Design on Film“ е тридневен фестивал на документарни филмови кој ќе се одржи од 28 ноември (петок) до 30 ноември (недела) во Кинотека и Concept 37. Ова претставува прво издание на фестивалот каде што сите креативци ќе можат да го истражат и прошират своето знаење во областа на уметноста, дизајнот, фотографијата, архитектурата, културата и урбаното живеење.
Програмата се состои од девет филмски проекции, три предавања, Behance — Преглед на портфолија и две фестивалски забави.
Главната цел на „Design on Film“ е да ги собере на едно место, сите оние кои што сакаат да одговорат на предизвиците со отворен ум, луѓе кои имаат храброст за дизајн и оние кои што сакаат да направат разлика.
„Ова е исклучителна можност да се погледнат документарци кои што ќе ве инспирираат и научат како да ја искористите предноста на новите технологии, техники, вештини и методи на работа“, посочуваат од фестивалот.
Design on Film е идеја на Мики Стефаноски, мулти-дисциплинaрен графички дизајнер со долгогодишно искуство. Фестивалот се организира во соработка со Creative Exchange – непрофитна иницијатива чија цел е развивање на креативните области во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.