| четврток, 6 декември 2018 |

Џерард уценуван од полицајка

Според пишувањето на островските медиуми, капитенот на Ливерпул Стивен Џерард се нашол на мета на уцена на една припадничка на англиската полиција.

Полицајката наводно дошла до видео материјал на кој се гледа популарниот Стиви Џи и неговите пријатели како се тепаат со друга група на луѓе.

Иако Џерард не учествувал во тепачката туку неговите пријатели, сепак полицајката Хелен Џоунс сакала со снимката да му изнуди пари на капитенот на „црвените“.

Џерард овој случај го пријавил на надлежните органи, а Џоунс изјавила дека сакала да му направи услуга на фудбалерот, видеото да не се појави во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top