Во петок (28 ноември 2014) во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе настапи тетарот „Поен“ од Ајачо, Корзика со театарската претстава „Писма од Балканот“. Настанот, кој е во организација на Францускиот институт во Скопје, се одржува во чест на одбележувањето на Стогодишнината од Првата светска војна.
Претставата, која е инспирирана од писмата од француските војници на Источниот фронт, наречен и Македонски фронт, Солунски фронт или Јужен фронт, е во режија на Франсис Ајки, кој воедно е и автор на претставата.
Во главните улоги настапуваат Елен Ардуен, Пјер Саласка, Натанаел Mајни и македонската актерка Елена Моше.Синопсис:1914-1918: Во Сараево е запалена искрата на Првата светска војна, искра, која, за жал, нема да биде и последна. Ужасот е неопислив; и Корзика и Балканот ќе бидат однесени од виорот на војната. Голем број Корзиканци гинат во Македонија, во Битола, а бројни жители од овој регион ќе пребегнат на Корзика. Од овие трагедии ќе се изродат неизвесни човечки судибини, чии последици ќе ги почувствуваат и многу наши современици.
Француските медиуми ова театарско дело го окарактеризираа како “извонредно режирана и емотивна претстава“ (Корс Матен) и како “официјални архивски документи прикажани на театарската сцена со комбинација на сериозност и хумор.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.