Во рамките на соработката помеѓу Македонија и Франција, во вторникот започнаа Деновите на Француската култура во Дебар. Активностите започнаа со трибината на тема „Европските интеграции и Македонија“ на која говореа аташето за култура на Франција во Македонија Себастјан Ботро Бонте и градоначалникот на Дебар Ружди Лата.
Францускиот аташе нагласи дека Македонија е дел на Европа. И покрај тоа што е најавено дека за пет години нема да има проширување на ЕУ, сепак Македонија во наредниот период треба да стори се да ги исполни условите кои ги бара ЕУ за членество, смета тој. Според него најмногу треба да се стори во однос од реформите во судството и слободата на медиумите.Верувам, рече тој, дека Македонија ќе го реши спорот со името со Грција.
Градоначалникот на Дебар Ружди Лата нагласи дека Македонија треба да има свое место во Европа. Најбитен елемент е безбедноста, а тоа значи прво треба да станеме членки на НАТО, а потоа да се интегрираме во ЕУ.
Во рамките Деновите на француската култура во Дебар ќе има и концерт на француска музика, проекција на документарен филм и изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.