| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање за кинеските симболи и калиграфијата

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го организира предавањето „Кинеските симболи и калиграфија“, кое ќе се одржи во среда, 26 ноември, со почеток во 12:00 часот во амфитеатар 1 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Предавањето ќе го одржи проф. д-р Денг Шиџонг, кинески директор на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој ќе даде осврт на потеклото и историјата на кинеското писмо и симболи, нивното значење и улогата која ја имаат во развојот на кинеската калигрфија. Во склоп на предавањето проф. Денг ќе го демонстрира користењето на калиграфската четка и основните стилови на калиграфија.

Со ова предавање ќе се најави започнувањето на курсот по калиграфија, отворен за сите студенти и граѓани, кој ќе започне од следниот семестар во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top