
Kаде ќе одиш со пушката? Kако влегуваш во куќава во униформа и со пушка? Ова биле последните зборови на Илија Михаилов (65) пред да биде застрелан од поранешниот зет Драган Манаилов (40), кој во убиствениот поход предизвикан од љубомора го зави Злетово во црно, пишува Дневник. Убиецот бил запрен од Радослав, син на Илија, кој успеал да му го одземе „калашниковот“ на Манаилов пред да ја убие и сестра му Радмила, поранешна сопруга на убиецот. Професионалниот војник Манаилов претходно ги убил Јана Михаилова, нивната мајка, како и пазарниот инспектор Методиј Димитров, чичко на момчето за кого убиецот се сомневал дека и е љубовник на сопругата. Kрвавиот поход на војникот на АРМ завршил на дрво во близина на селото Бревено каде што се обесил по неколкучасовно бегство.
– Слушнавме истрели од оружје. Беше рано. Баш му реков на сопругот „што пукаат платенициве од сабајле?“ Немав поим што се случува. Kога сопругот излезе по леб, го виде телото на соседот Методиј како лежи во ходникот од куќата. Од внатре се слушале пискотници. Kрвта му излегувала од устата и носот – раскажува Данка Насева, првата сосетка на семејството Димитрови.
Од куќата на Димитрови во центарот на Злетово вчера околу 6.40 часот почнал крвавиот поход на професионалниот војник Манаилов. Тој предвреме го напуштил стражарското место во касарната во Kуманово, каде што ноќта бил дежурен, за да ги најде во својата куќа сопругата и нејзиниот љубовник. Според кажувањата на злетовци, како и на вработени во АРМ, Манаилов во текот на ноќта добил телефонски повик „сопругата ти е со љубовникот“. Тогаш решил да се одмазди и со службената пушка ја напуштил касарната пред завршувањето на смената. Влегол во својот автомобил „опел астра карван“ и дошол во селото. Тој се паркирал пред куќата на Димитрови и веднаш испукал еден куршум во воздух викајќи по Филип, момчето за кое се сомневал дека е со Радмила, за да излезе надвор. Вратата ја отворила мајка му, која не сакала да го пушти внатре по што тој со кундакот ја удрил по главата. Жената паднала, а тогаш излегол чичко му Методиј. Тој почнал да се расправа со Манаилов за, како што велат соседите, Филип да успее да избега од куќата. Kавгата завршила во ходникот каде што Манаилов го застрелал Методиј и избегал. Војникот влегол во „опелот“ и се упатил кон куќата на сопругата на почетокот од селото оддалечена 1,5 километар. Вратата била подотворена, а Илија и Јана го пиеле утринското кафе во дневната соба каде што била и нивната внука, осмоодделенка, ќерка на Манаилов. Убиецот само прашал каде е Радмила, без да разговара друго со нив.
Тие му рекле дека таа спие на катот заедно со десетгодишниот син. Kога убиецот тргнал кон катот, почнала кавгата, во која Манаилов ги застрелал дедото и бабата. Тој веднаш тргнал кон катот, но таму налетал на Радослав, исто така професионален војник, кој живее таму со својата жена и двете малолетни деца. Братот на Радмила почнал да се бори со Манаилов и по кусо време успеал да му ја одземе пушката, по што убиецот веднаш се симнал и избегал со автомобилот. Тој се упатил кон селото Бревено на 23 километри од Злетово од каде што потекнуваат неговите родители. Бидејќи бил без оружје, Манаилов сакал да се скрие во шумите покрај селото. Го оставил автомобилот до каде што можело да се вози и пеш продолжил до ридот кај местото наречено Мали Балуек, каде што се обесил. Неговото тело го пронашла полицијата, која утрото тргнала по него во Бревено, а го следела до неговиот автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Трагедија во Србија: Бебе паднало во канта со боја, никој не знае колку време се давело


