Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, побара поддршка од сите жители, без разлика на националната припадност за кандидатот на партијата за градоначалник на Ресен, Осман Шукриу.
– Преспа од секогаш била приоритет на ДУИ, а така ќе биде и понатаму. Македонците, Албанците, Еѓипќаните, Турците и Ромите треба да гласаат за нашиот кандидат. Тој има визија за Преспа, а ја има и нашата поддршка. Ќе помогнеме во сите сфери на овој регион, кој граничи со две држави, а со тоа е значајна точка во Македонија – рече Ахмети.
Кандидатот за градоначалник Шукриу на вечерашниот митинг истакна дека овој регион има перспектива.
– Мора да се осигура пласманот на јаболката, целосно да се ревидира и подобри туристичката понуда. Посебно внимание треба да се посвети на инфраструктурата и на стопанството. Моите заложби ќе бидат во целосна соработка меѓу локалната и државната власт. Ова што го ветувам, ќе го исполнам ако ми ја дадете поддршката – рече Шукриу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


