| четврток, 6 декември 2018 |

Кари со 40 поени го потопи Мајами, Антиќ и Атланта со шеста победа

Во најсилната кошаркарска лига НБА, синоќа на репертоарот беа пет натпревари.

Екипата на Мајами Хит ги пречека кошаркарите на Голден Стејт во својата „Американ Ерлајнс Арена“, каде навивачите имаа можност да го видат расположениот Стеф Кари кој беше најзаслужен за победата од 114-97.

Стеф Кари постигна 40 поени, имаше импресивен шут за три поени, односно од 11 обиди погоди 8, а покрај тоа подели седум асистенции надополнети со шест скока. На другата страна најдобар беше Крис Бош со 26 поени и 9 скока.

pero-antic-vasington-615x400

Атланта хокс ја потврди добрата форма во која се наоѓа триумфирајќи на гостувањето против Вашингтон со 102-106, што е шести триумф за тимот на Перо Антиќ во последните осум меча што ги одигра во НБА-лигата. Антиќ мина 18 минути на теренот и уфрли пет поени (1/2 за три, 1/3 за два поени), надополнети со една асистенција.

Резултати НБА:

Вашингтон – Атланта 102-106, Мајами – Голден стејт 97-114, Милвоки – Детроит 98-86, Њу Орлеанс – Сакраменто 89-99, Денвер – Чикаго 114-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top