ОН донесе резолуција во која инсистира на заштитата на комуникациите и на личните податоци и во која предвидува жртвите на незаконското следеее да имаат правото да побараат компензации, пренесоа француските медиуми.
Резолуцијата има необврзувачки карактер и беше донесена со консензус во комисијата за прашањата на правата на човекот на Генералното собрание на ОН, а по иницијатива на Бразил и на Германија .
Резолуцијата во декември ќе му биде предложена за гласање и на Генералното собрание на ОН.
Во документот владите се повикуваат да ги преземат неопходните мерки за да го прекинат нарушувањето на личниот живот. Во текстот се посочува дека доколку физички лица биле жртва на незаконско или произволно следење од страна на владата, последните треба да им предложат ефикасно решение во согласност со меѓународните обврски за правата на човекот.
Во документот се признава дека стравувањата поврзани со безбедноста можат да го оправдаат собирањето на некои доверливи информации, под услови земјите целосно да ги почитуваат правата на човекот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим