| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласување на најдобрите бизнис планови во рамки на „Биди перспективен започни свој бизнис“

biznis idea

Во организација на Министерството за економија денеска ќе се одржи втората по ред манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис планови во рамки на проектот „Организирање бизнис натпревар – Биди перспективен започни свој бизнис“.

Целта на проектот е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.

На манифестацијата, како што е најавено, ќе се обрати министерот за економија Беким Незири, кој ќе ги додели и ваучерите за најдобрите пет бизнис планови за 2014 година.

Се очекува да присуствуваат и ректорот на Државниот универзитет во Тетово Вулнет Ахмети и проректорот на Универзитетот на ЈИЕ  Блерим Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top