Српското Министерство за внатрешни работи денеска претстави измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои е предвидено трајно одземање на автомобилот при драстично непочитување на правилата.
Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нагласи дека целта на тој предлог-закон, кој наскоро ќе се најде пред парламентарците, е заштита на животот на сите учесници во сообраќајот.
Според него, одземањето на автомобилот е заштитна мерка и ќе се применува за прекршоци како што е управување без возачка дозвола или управување возило со над два промила алкохол во крвта.
Овој предлог-закон доаѓа по неодамнешната трагедија каде три млади лица загинаа откако нивното возило падна во Дунав. Покрај тоа што возачот немаше возачка дозвола, тој беше под дејство на алкохол, возеше многу над дозволената брзина, а во автомобилот се возеа шест лица, од кои еден во багажникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Трагедија во Србија: Бебе паднало во канта со боја, никој не знае колку време се давело