| четврток, 6 декември 2018 |

Oграбен салон за мебел, украдени над 50.000 евра

Непознати сторители, од салонот на „Ѓун-интериер” во гостиварското село Врапчиште однеле метален сеф во кој имало поголема колична на пари.

Според првичните сознанија на СВР Тетово, сé уште непознати сторители, во периодот од 19 часот вчера до 7 часот и 40 минути денеска, го скршиле стаклото од излогот на салонот, влегле внатре, а потоа насилно, ја отвориле дрвената врата од канцеларијата во салонот. Таму се наоѓал метален сеф тежок помеѓу 150 и 200 килограми. Според пријавителот во него имало: 42 илјади евра, 6 илјади швајцарски франци, 3 илјади американски долари и 257 илјади денари во различни апоени и документи од фирмата.

Крадците со одземеното, незабележани од никого заминале низ влезната врата.

По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид, пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се повеќе траги. Се превземаат активности за откривање на сторителите и разветлување на сите поединости поврзани со кражбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top