СДСМ денеска предложи мерки за развој на претприемништвото кои според нив се решение за намалување на невработеноста во државата.
Потпретседателот на партијата Александар Кирацовски, повикувајќи се на податоци од Агенцијата за вработување, изјави дека бројот на невработени во септември и октомври е зголемен за 20 илјади и оти актуелната власт нема капацитет за развој на претприемништвото.
Според СДСМ, се нудат кредити за самовработување за чие добивање се потребни многу административни препреки, а грантот за самовработување од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали не е доволен.
– Невработеноста во голема мера може да се намали со вистински политики, мерки и решенија за поддршка на претприемачите, рече Кирацовски.
Партијата предлага неповратна финансиска помош од 10.000 евра, просторна и канцелариска поддршка и обуки и можност за користење на искусни бизнис ментори. – Оваа поддршка да биде опфатена со едногодишна програма, а реализирана преку т.н. бизнис Старт-ап центри, посочи Кирацовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



