| четврток, 6 декември 2018 |

Природниот прираст во третиот квартал зголемен за 1 процент

Smiling babies laying on floor

Бројот на живородени деца во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани, е зголемен за еден процент и изнесува 6.377, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од годинава имало 4.555 умрени лица, што споредено со истиот квартал од минатата година претставува намалување за 0,7 проценти. Од вкупниот број  умрени 71 се доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1.844 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од  бројот на умрените лица.

Во третиот квартал годинава се склучени 4.392 брака, за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 506

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top