Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска и утре во Струмица се одржува работилница на која извозниците на храна од овој регион ќе се запознаат со новата европска регулатива за обележување на храната.
Според Ана Рачиќ од Агенцијата, во означувањето на храната согласно европската регулатива има низа промени кои ќе се имплементираат и во нашето законодавство.
– Означувањето на производите отсега ќе мора да биде видливо, читко. На декларациите ќе треба да има јасно испишани информации за алергените, со големи букви во различна боја, а не да се читаат како досега, со лупа. Нашите извозници се добро запознаени со овие новини и на овие работилници заедно утврдуваме и појаснуваме некои постојни дилеми – изјави Рачиќ.
Како што информира, во наредниот период, покрај неопходното законското усогласување, ќе биде изготвен и правилник во кој поконкретно ќе бидат регулирани измените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.