СВР Велес поднесе кривична пријава против градоначалникot на општина Чашка, Г.П.(44) од село Еловец за злоупотреба на службената положба и овластување.
Пријавениот искористувајќи ја својата службена положба во 2011 година во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка самиот си поднел барање за легализација на диво изграден објект, планинарскиот дом Чеплес, иако знаел дека согласно Закон за постапување со бесправно изградени објекти, барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува имателот на објектот, што тој никогаш не бил.
Истиот решавал по барањето постапувајќи спротивно член 6 од Законот за постапување со бесправно изградените објекти каде во содржината на барањето за утврдување правен статус во став 2 е предвидено барателот да достави доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги кои тој никогаш ги нема платено затоа што не бил ни имател ни корисник на објектот. Со изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на законот во сила во 2011 година, Г.П. го легализирал објектот , го впишал во катастар на Р.Македонија по што го отуѓил.
Со наведеното, пријавениот на Планинарско-спортското друштво ,,Солунска глава ,“ му нанел штета во износ од 4.058.566 денари (околу 65 илјади евра)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.