| четврток, 6 декември 2018 |

Неверство е причината за убиството во Злетово – убиецот трипати пријавуван за насилство

Pred_Zletovo

Неверство била причината поради која професионалниот војник Драганчо Манаилов посегнал по животот на мајката и таткото на неговата сопруга. Покрај родителите на сопругата, со која бил во процедура на развод, убиен е и чичкото на момчето за кое се сомневал дека е во врска со неговата сопруга.

Тој досега во три наврати бил пријавуван за насилство. Но само во еден случај, минатата година, бил пријавен за насилство врз сопругата. Во другите два случаи бил пријавен за физички напад врз момчето за кое се сомневал дека е њубовник на неговата сопруга.

Според неофицијалните информации, Драганчо по убиството отишол во сопствениот дом каде што била неговата сопруга заедно со нејзиниот брат. Куќите биле во непосредна близина. Била направена на земјиште кое убиените родители го му го дале нему и на неговата сопруга. Драгачно почнал расправија со братот на неговата жена која брзо прераснала во тепачка. При пресметката, братот успеал да му ја одземе пушката. Драганчо се качил во својот автомобил и побегнал. Според непотврдени информации пронајден е обесен во бачило близу Злетово.

Драганчо и сопругата имале две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top