| четврток, 6 декември 2018 |

„Среќно“ синоним за среќа: Почна редовен ископ на руда од „Злетово“, планирани 200.000 тони годишно

Започна редовното ископување олово-цинкова руда од рудникот „Злетово“ кај Пробиштип, откако беа завршени  сите административно-технички процедури и подготвителни постапки за непречен старт со работа, соопшти денеска концесионерот на руднокот, бугарската компанија „Минстрој“.

Активно се врши експлоатација на руда од два ископа, а за краток временски период се најавува реактивирање на уште два, дополнителни.

Согласно согледаната фактичка состојба во активните ископи, како и очекуваните тенденции во напредните фази на експлоатација, компанијата соопштува дека има цел реализација на ископани 200.000 тони руда на годишно ниво.

Во изминатиот период „Булмак 2016“, компанијата што ја регистрираше концесионерот, извршила интензивни подготовки и активности за преземање на административно-техничките сегменти од работата на рудникот и флотациската фабрика, лоцирани во Пробиштип.

„Уредени се сите правно-формални процедури за добивање на дозволи и решенија од надлежните државни институции, потребни за почеток со непречена работа на рудникот. Набавени се потребната опрема и техника за чистење на јамата, како и делови за ремонтирањето на локомотивите и вагоните за транспорт на ископаната руда од јамата до флотационата фабрика. Од капитално значење е решениот проблем со одводнување на јамата – еден од клучните технички сегменти за непречена експлоатација на рудата од рудникот. Набавени и ставени во употреба се и нови утоварни машини за ископаната руда“, се вели во соопштението.

По создавањето на услови за непречена комуникација во рударската јама, извршени се пробни ископи – фаза со која биле завршени сите подготвителни активности за рестартирање на рудникот.

Откако на 28 август годинава компанијата „Булмак 2016“ ја доби дозволата за експлоатација на руда, започна редовната работа за ископ на олово-цинкова руда од два ископи. Краткорочно, планирано е реактивирање и ископ на руда од уште два.

Да се би­де ру­дар, по­втор­но ста­ну­ва прив­леч­на про­фе­си­ја, ко­ја со гор­дост се ра­бо­ти и ко­ја по­втор­но ќе поч­не да обез­бе­ду­ва ег­зи­стен­ци­ја на го­лем број се­мејс­тва во др­жа­ва­ва. Ма­ке­дон­ски­от ру­дар­ски се­ктор, ис­пра­вен пред пре­диз­ви­ци­те што ги но­си ид­ни­на­та, ши­ро­ко ги отво­ра вра­ти­те на по­до­бри­те де­но­ви. Ин­ве­сти­ци­и­те во овој се­ктор комп­лет­но ја ме­ну­ва­ат сли­ка­та за не­го­ви­от при­до­нес во про­из­водс­тво­то и вра­бо­те­но­ста, ка­ко и не­го­во­то учес­тво во по­ра­стот на ин­ду­стри­ја­та и на БДП. Ви­стин­ско за­жи­ву­ва­ње на ру­дар­ски­от се­ктор во Ма­ке­до­ни­ја се оче­ку­ва од на­ред­на­та го­ди­на со пу­шта­ње­то на руд­ни­ци­те за оло­во и цинк „Зле­то­во“ и „То­ра­ни­ца“, про­из­водс­тво­то на ба­кар во руд­ни­кот во Kазандол, ре­а­ли­за­ци­ја­та на нај­а­ви­те за из­град­ба на дру­ги руд­ни­ци, но и со ста­би­ли­зи­ра­ње­то на по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја. Се­то ова би при­до­не­ло за по­зи­тив­ни разд­ви­жу­ва­ња во ру­дар­ски­от биз­нис, кој по­втор­но ќе ги кре­не на но­зе и об­ла­сти­те ка­де што се ло­ци­ра­ни овие руд­ни­ци. Се оче­ку­ва да се вра­бо­тат мно­гу лу­ѓе, а мо­же­би и да се вра­тат исе­ле­ни­те, кои по­ра­ди за­тва­ра­ње­то на руд­ни­ци­те до­се­га, сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја ја по­ба­раа во дру­ги зем­ји.

vmro-miting-boris-trajkovski-2016-16-custom

Овој се­ктор од го­ди­на на го­ди­на ста­ну­ва сè по­ва­жен и за до­маш­на­та еко­но­ми­ја, осо­бе­но што Вла­да­та е по­све­те­на на до­де­лу­ва­ње кон­це­сии за це­лос­но иско­ри­сту­ва­ње на по­тен­ци­ја­ли­те со кои рас­по­ла­га. Тие се по­све­те­ни на прив­ле­ку­ва­ње но­ви ин­ве­сти­ции во ру­дарс­тво­то, би­деј­ќи тоа вли­јае на до­маш­на­та еко­но­ми­ја, се сти­му­ли­ра­ат про­из­водс­тво­то и из­во­зот, се отво­ра­ат но­ви ра­бот­ни ме­ста.

Имаме вистински инвестициски циклус во македонското рударство. Имено, компанијата „Сардич MЦ“, по двегодишни истражувања почна со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандовско. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е вредна 35 милиони евра. Инвеститорот е заинтересиран и за дополнтелни истражувања за два нови капацитети каде истражувањата се во тек и се со планови за инвестиции за експлатација на руда и за овие две концесии. Се рестартираше и рудникот за олово и цинк во Пробиштип, а следен е и рудникот Тораница. Се очекува согласно најавите да почне и градбата на Иловица, инвестиција од 500 милиони долари – најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никога Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top