| четврток, 6 декември 2018 |

Со возење велосипед, полнете ја батеријата на мобилниот телефон (ВИДЕО)

Во скопското средно училиште „Боро Петрушевски“ денеска беше промовиран уред за велосипед со којшто ќе можат да се полнат со енергија мобилните телефони или други електрични уреди, додека се вози велосипед.

tocak

Ваквиот проект е во соработка со Град Скопје и Министерство за животна средина и просторно планирање, во рамки на Деновите на енергетска ефикасност, а беше презентирана и мапата за нови велосипедски патеки и на апликацијата „Патувај зелено“.

tocak1

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, истакна дека  Скопје е прв град во кој се организираат вакви денови и ќе биде огледало од кој другите градови ќе учат ваква организација. Деновите на енергетска ефикасност ги поддржаа Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ („giz“) кои планираат вакви настани и во сите главни градови во Југоисточна Европа меѓу кои, освен Скопје се и Загреб, Сараево Подгорица и Тирана.

koce

– Преку овие Денови на енергетска ефикасност  кои ќе се одржат од 25 до 27 ноември,  градот Скопје ја потврдува намерата за се поголемата реализација на проекти од областа на енергетската ефикасност. Во согласност со сопствените оперативни планови  кои ќе придонесат за намалување на трошоците на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленични гасови и промоција за користење на обновливи извори на енергија – рече Трајановски и додаде дека со ваквиот тип на велосипед кој со неговото движење полни мобилни телефони, се работи на заштита на животната средина и енергетска ефикасност.

Директорката на СУ „Боро Петрушески“, Соња Ристовска посочи дека училиштето, во континуитет гради заеднички проекти со Град Скопје.

tocak2

– Нашите професори и ученици со задоволство го прифатија предизвикот за денешниот настан да осмислат и дизајнираат уред на којшто можат да се полнат мобилни телефони додека се вози велосипед. Нашето мото е да помогнеме на градот Скопје и да го промовираме велосипедизмот, да го промовираме здравиот животен стил и да ги учиме нашите ученици како да штедат енергија – истакна Ристовска.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top