| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на убиените во Пробиштип

policija-2

Илија М. (65) и Јана М. (63) и Методи М. (50) се жртви на 40- годишниот Драган Манаилов од Злетово, Пробиштип. Тој  утрово околу 7 часот прво го убил 50- годишниот маж Методи М. кој бил инспектор во Државниот пазарен иснспкторат. Потоа осомничениот заминал кон куќата на родителите на неговата сопруга и ги убил Илија М. (65) и Јана М. (63), по што се дал во бегство.

Неофицијални информации велат дека Драган веќе имал почнато бракоразводна парница со својата сопруга. Токму таа, најверојатно, и го пријавила случајот в полиција. Според информациите, и таа била во домот на нејзините родители кога се случило убиството, но во друга соба.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид, кој е во тек. Полицијата сѐ уште трага по сторителот, кој е во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top