Еднаш на Андреј Петров му ја дадов општината кога станав министер за труд и социјала , а тој единствено во мандатот си направи водовод и канализација до местото каде живееше, рече кандидатот за градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски на митингот пред граѓаните на Тафталиџе 2.
,,Ни Фуле ни свети Фуле не можеа да ме разубедат , не сум јас како оние што на 16- ти не сакаа да слушнат за избори и ме прогласија за предавник , за по две недели и тие да се приклучат , ама неподготвени , со набрзина напишана советничка листа и без програма”.
Јас се рекламирам зашто имам со што , а не како другите што не сакаа да одат на избори , па сега немаат ниту програма , ниту знаат со што да се рекламираат .
За мене зборува се што сум направил во Карпош , каде има највисок стандард во образованието , инфраструктурата , детската заштита , каде сум вработил 500 луѓе откако сум градоначалник , а ќе продолжам со уште посилно темпо за да ги достигнеме европските стандарди .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање!
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле
-
ДОМ: Зошто Уставниот суд не постапува по пријавите за скандалозните ДУП-и во Карпош?