| четврток, 6 декември 2018 |

„Република“ се приклучува на „16 дена активизам“ – денеска згответе чорба од тиква

pumpkin-soup

Обојте ја околината во портокалово! #Orangeurhood #16days 

Денеска е Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, а во следните 16 дена, Македонија е дел од глобална кампања за активизам за елиминирање на сите форми на насилство врз жените и девојчињата.

Денеска „Република“ ви предлага да зготвите чорба од тиква.

Потребни состојки

300 гр тиква

300 гр компири

1 кромид

2 чешниња лук

2 моркова

1 кисела павлака

Сол

Магдонос

Подготовка:

Исчистете ги семките од тиквата и отстранете ја кората, па 300 гр тиква исецкајте ја на ситни коцки. Излупете ги компирите и нив исецкајте ги на коцки. Додајете ги компирот и морковот. Ставете ги компирот и тиквата во тенџере на оган со еден литар вода и гответе сè додека компирот не омекне.

Исцедете ги сварените компир и тиква и испасирајте ги во блендер. Вратете ја смесата во водата во која се вареа претходно и гответе уште 10 минути, па тргнете го тенџерето од оган, посолете и додајте ситно сечкан магдонос.

Разматете ја павлаката со малку вода па додадете ја во чорбата и промешајте. Сипете од чорбата во чинија за сервирање. Од преостанатото парче тиква со лажица за сладолед издлабете четири топки, кои ќе ги ставите во средина на чинијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top