| четврток, 6 декември 2018 |

Блатер со чек од 500 илајди долари за ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе добие финансиска помош од Светската фудбалска федерација (ФИФА) во висина од 500 илјади долари. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, реши да им помогне на земјите-членки преку Програмата за финансиска помош (ФАП), која предвидува помош за федерации за што поголема поддршка во битката за петтиот мандат на конгресот идната година.

ФИФА ги известила сите федерција со циркуларно писмо околу начинот на алицирање за дополнителни средства. ФФМ веќе има загарантирани 250 илјади долари од добриот профит на ФИФА по мундијалот во Бразил. На 19 декември на состанокот на Извршниот одбор ќе се одлучи кои федерации ќе добијат дополнителни средства од оваа програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top