Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, „Дајте ни крилја“ со години се стреми да овозможи соодветни услови за квалитетен живот на лицата со посебни потреби и рамноправност во користењето на добрата кои ги овозможува опшеството.
Мисијата на „Дајте ни крилја“ е да ја подигне свеста за потешкотиите со кои овие лица секојдневно се соочуваат, да придонесе да ги уживаат своите права и да се обезбеди нивно вклучување во опшеството.
Мотото на овогодишниот бал е „Да ги споиме нашите светови“. Цената на билетите е 400 денари. Ако се купат повеќе од 30 билети, цената е 350 денари.
– На овој единствен настан, гостите ќе добијат подарок: чувство на радост што ќе го доживеат кога ќе ги видат достигнувањата, вештините и талентите на лицата со типичен и нетипичен развој и шанса да чујат и видат голем дел од македонските естрадни уметници, врвни солисти и актери кои на еден уникатен начин ќе се претстават на годинешното издание на Балот на различности – велат од Здружението „Дајте ни крилја“.
Балот оваа година се организира со поддршка од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.