Терористичката организација Исламска држава добила меѓу 35 и 45 милиони долари од откуп оваа година, изјавил експерт од ОН, кој ги набљудува санкциите.
Речиси 120 милиони долари биле платени на терористички групи за откуп меѓу 2004 година и 2012 година, посочи вчера Јоцна Лалџи на состанокот на Контратерористичката комисија на ОН, посветена на киднапирања од страна на терористи за откуп.
Таа истакна дека во изминатите години Ал Каеда и нејзините сојузници ги претворија киднапирања во основа на тактиката на Ал Каеда за добивање приходи.
Лалџи прецизира дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров добила 20 милиони од откупи меѓу 2011 година и 2013 година, а Ал Каеда во Исламски Магреб, 75 милиони во последните четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.