| четврток, 6 декември 2018 |

Софтвер за родителите за заштита на децата на интернет

Родителите ќе можат да инсталираат софтвер за контрола на децата при користење интернет. За  разбирање на ризиците и опасностите на кои се изложени децата на интернет  ќе се делат флаери, водичи и постери и за децата и за родителите со совети и препораки.

Ова го предвидува новата кампања на Владата за заштита на децата од злоупотреби на интернет„Сурфај безбедно“ . Кампањата се реализира во соработка со приватниот и невладиниот сектор, со цел преку повеќе активности  да ja зајакне заштитата на децата од сексуални злоупотреби на интернет.

dete-kompjuter

– Многу е значајно да се заштитат децата, да бидат добро информирани и да знаат со кого разговараат на другата страна затоа што наведувањето на интернет се прави преку лажни профили или преку профили преземени од деца со тоа што се искористуваат младите за сексуална  злоупотреба или прикажување порнографски материјали, или за наведување  да добијат  снимки од нивното тело – изјави  министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

За потребите на кампањата  Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) изработи веб страница  www. surfajbezbedno.mk преку која може да се преземе софтверот за родителска грижа. Активацискиот клуч за софтверот може да се најде во печатените водичи што ќе се дистрибуираат за родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top