| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху задоволен од неуспехот на преговорите за иранската нуклеарна програма

UN-GENERAL ASSEMBLY-ISRAELИзраелската Влада изрази задоволство од „неуспехот на преговорите во Виена“ за постигнување договор за иранската нуклеарна програма и решението преговорите да продолжат до крајот на јуни идната година.

– Непостигнувањето договор е подобро од постигнувањето лош договор, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху.

Според израелскиот премиер, договорот што го нуди и на кој инсистира Техеран е „катастрофално решеие“, затоа што му остава простор на Иран да произведува збогатен ураниум и атомска бомба, доколлку еднострано му се укинат санкциите.

Иран бара веднаш да му се укинат сите санкции што сега му се воведени околу неговата контроверзна нуклеарна програма, уверувајќи ги другите преговарачи дека бара само да му се дозволи да продолжи со развојот на нуклеарната технологија, како што тоа е предвидено со меѓународните спогодби.

Иранските функционери велат дека Иран не сака атомско оружје, туку нуклеарна енергија, но меѓународната заедиица, што во Виена ја претставуваат петте земји-членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, бараат гаранции за укинување на санкциите, инсистирајќи Иран да прифати значително редуцирање на својата програма за збогатување на ураниумот.

Изјавата на Нетанијаху доаѓа по соопштението од Виена дека Иран и шесте големи сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) се согласиле преговорите да продолжат до средината на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top