| четврток, 6 декември 2018 |

Лил им донесе мир на скараните, Федерер и Вавринка се смирија со историска титула

Лил донесе мир меѓу скараните Роџер Федерер и Станислас Вавринка, двајца врвни тенисери што и донесоа прва историска титула во Дејвис купот на Швајцарија. Пред рекордни 27. 500 гледачи што е најголема посета во Дејвис купот, швајцарското дуо беше подобро од француската легија тенисери и победи во финалето со 3-1.

Федерер и Вавринка ја „спукаа“ работата поради сопругата на Федерер, Мирка Вавринец за време на мастерс купот во Лондон. Имаше шпекулации дека дошло и до тепачка, но страстите бргу се смирија, а титулата во Дејвис купот што ја освоија со заеднички сили потврди дека недоразбирањата се надминати.

fede

За Швајцарија ова е прв трофеј во престижниот Куп, а особено значење има за Федерер, кој сега ги има сите можни титули во тенисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top