| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка меѓу газда и гостин во охридска кафеана

Ноќва по полноќ, околу 00.15 часот, во угостителскиот објект „Нова“ во Охрид дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу Б.Р.(32), сопственик на угостителскиот објект, и И.Р.(36).

И.Р. со нож му нанел две убодни рани на Б.Р. во пределот на левата надколеница, а на И.Р. од тепачката му се нанесени повреди во пределот на носот.

На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top