| четврток, 6 декември 2018 |

Се санира тлото под вредниот иконостас во црквата „Свети Јован“ во Крушево

unnamed

Се санира земјиното тло под вредниот иконостас на црквата „Свети Јован“ во Крушево, информираат од Министерството за култура, кое ги обезбеди средствата за санацијата.

– Во изминатиот период е забележано слегнување на земјиното тло под овој значаен објект од сакралната архитектура со што е загрозен вредниот иконостас кој пленува со својата грандиозност и копаничарска изведба во плитка резба. За таа цел стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп изработија проект и започнаа со санација на земјиното тло. Санацијата треба да биде завршена до крајот на годинава – велат од Министерството.

Црквата „Св. Јован“ или кај народот позната уште и како Влашка црква е трикорабна базилика, изградена кон крајот на 19 век, а целосно завршена во 1904. Во црквата во која нема живопис, доминира дрвен иконостас изработен од браќата Несторови, чија изработка траела околу четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top