Заедничкиот концерт на Адил Максутовиќ и на поранешната југословенска легенда на фолк-музиката Мирослав Илиќ, кој е закажан за оваа сабота во арената „Борис Трајковски“, е најавен во 20 часот, а прв на сцената ќе застане младиот пејач кој во јавноста е познат по одличните балади, но и по фактот дека за само неколку години успеа да застане на самиот музички врв.
– Последен пат бев во Скопје пред 3-4 години, имав концерт во Универзална сала. Одлучивме овојпат да го направиме во „Борис Трајковски“ затоа што во таа сала можеме да направиме вистински спектакл. Заедно со мене ќе биде и еден млад и амбициозен пејач, Адил, затоа што се работи за исклучително талентирано момле и мислам дека двајцата заедно ќе направиме одлична забава – вели Илиќ, кој на сцената ќе ги отпее сите свои големи хитови од неколкудецениската кариера.
Концертот е предвидено да трае повеќе од четири часа, а влезниците чинат 400 денари за стоење, додека 500 и 600 се тие за трибините, во зависност од тоа дали се за пониските или за повисоките редови.
Колку за потсетување, билетите може да се набават преку продажната мрежа „купикартизасе“, потоа на билетарницата во арената „Борис Трајковски“, во ресторанот „МЦМ“, на продажните места „Охридски бисери – фамилија Ристески“ во „Рамстор“ и во „Сити мол“, како и во „Ројал бургер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


