| четврток, 6 декември 2018 |

Медитеранската храна е најдобра за надворешниот изглед

Медитеранската исхрана е најдобро средство во борбата против вишокот килограми, сметаат научниците. Истражувањата покажуваат дека медитеранската храна може во многу краток рок да ја намали опасноста од срцеви и мозочни удари и е идеална за оние кои сакаат да ги намалат килограмите.

Официјални претставници на британскиот здрвствен систем подолго време предупредуваат за неопходност од итна акција во борбата против вишокот килограми и здравствените проблеми кои ги предизвикува дебелината.

Познати британски лекари сметаат дека „брза“ диета е онаа која само се фокусира на бројот на калории кои се штетни за здравјето, а најдобар пристап претставува „здравата храна“ која подразбира консумирање овошје и зеленчук, коскести плодови и маслиново масло, што, всушност, се намирници кои ја сочинуваат главната медитеранска храна.

Шефот на истражувањето, кардиологот Асим Малхотра, истакнува дека научните докази во врска со овој вид исхрана се повеќе од евидентни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top