| четврток, 6 декември 2018 |

Познати личности што ги исклучиле своите деца од тестаментот

Меѓу тие што се имаат збогатено во Холивуд има многумина што сметаат дека и нивните деца треба да се помачат за да си обезбедат себеси егзистенција. Тие не сакаат децата да им растат во стаклено ѕвоно. Сметаат дека е подобро да ги научат животните лекции, отколку да им остават многу пари и од нив да направат „инвалиди“.

bil gejts

БИЛ ГЕЈТС

Творецот на „Мајкрософт“ рекол дека голем дел од своите пари ќе даде во добротворни цели. Но неговите деца нема да останат без ништо, затоа што секој ќе добие по 10 милиони долари. Тоа се многу пари, но ситница во однос на неговото богатство од 80 милијарди долари.

voren bafet

ВОРЕН БАФЕТ

Исто како и Бил Гејтс така и американскиот богаташ Ворен Бафет рекол дека ќе подари 85 отсто од своето богатство, кое е вредно 65 милијарди долари. Неговите деца нема да останат без пари, но ќе мора да работат и да заработат.

dzeki cen

ЏЕКИ ЧЕН

„Ако е способен може и сам да заработи. А ако не е способен, тогаш само ќе си ги троши моите пари“, изјавил глумецот Џеки Чен за својот син Џејси, кој снимил преку 20 филмови, но сите биле финансиска утка.

sting

СТИНГ

Рок-легендата Стинг, исто така, спаѓа во тое родители што не сакаат да ги размазат своите деца. Пејачот вели дека ќе им помогне доколку западнат во неволја, но и дека од нив очекува сами да заработат парче леб.

sajmon kauel

САЈМОН КАУЕЛ

Сајмон има заработено богатство од 500 милиони долари како музички продуцент и судија во
„Американскиот идол“ и во „Икс фактор“. Доколку неговиот син посака да биде богат колку татко му, ќе мора да ги засука ракавите.

dzordz lukas

ЏОРЏ ЛУКАС

Режисерот на „Војна на ѕвездите“ заработил четири милијарди долари, а парите ќе ги остави во образовниот фонд.

joan crawford

ЏОАН КРАФОРД

Славната глумица го сменила тестаментот и од него ги исфрлила своите две посвоени деца, Кристофер и Кристина, додека другите две, исто така, посвоени добиле по 77.500 долари. Кога ја прашале зошто ги исклучила децата од тестаментот таа одговорила „знаат тие добро зошто“.

Marlon Brando as Vito Corleone

МАРЛОН БРАНДО

Марлон Брандо имал 11 деца, но две не се нашле во неговиот тестамент. Неговата посвоена ќерка Петра Брандо Корвал, како и неговиот внук Туки Брандо, син од ќерката Чејен, која извршила самоубиство, останале без денар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top