Кирил Лазаров игра во извонредна форма, а Барселона гази безмилосно во групата Б од Лигата на шампионите и е лидер по шест кола со 11 бода од можни 12.
Во последните две рунди каталонскиот гигант играше против актуелниот европски првак Фленсбург, а блескаше токму македонскиот ракометен ас. Со вкупно 19 погодоци на двата дуели, 10 во Германија и 9 во Барселона, Лазаров беше незадржлив и уште еднаш потврди дека е во самиот врв во ракометна Европа според квалитетот.
Голгетерот на Барселона буквално го торпедира голот на европскиот првак и се проби на втората позиција на листата на најефикасни ракометари во ЛШ.
Лазаров по шест кола има постигнато вкупно 45 погодоци, во просек 7,5 по натпревар и е зад Момир Илиќ бекот на Веспрем со 47 гола. Во топ-10 е и Тимур Дибиров од Вардар на делба на петтата позиција со 39 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.