Во Кливленд почна истрагата за инцидентот што се случи на игралиште кога полицијата уби момче што посегнало, како што се утврдило, по играчка-пиштол.
Дванаесетгодишно момче, идентификувано како Тамир Рајс, почина вчера од повреди на градите што ги здобило во пукотници во саботата, кога кливлендската полиција одговорила на повикот на непознато лице, кои ги информирало дека некој мавта со „веројатно лажен“ пиштол на игралиште пред рекреативен градски центар Кадел.
Полицајците во момчето пукале кога одбило да крене раце и посегнало по појасот во кој имало нешто што личело на пиштол. Подоцна се утврдило дека се работи за играчка реплика, т.е. за воздушен пиштол што испукува пластични топчиња.
Кливлендската полиција во соопштение наведе дека била отстранета портокаловата ознака по која играчките се разликуваат од вистинско оружје.
Заменик-началникот на полицијата Ед Томба рече дека момчето не им упатило на полицајците вербална закана, но посегнало по реплика-пиштол, откако му е кажано да ги крене рацете во воздух и тогаш полицаецот пукал.
Двајцата полицајци вмешани во инцидентот се суспендирани, а истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)