Пожар пеплоса куќа во Кочани. Тој избил вчера околу 19 часот и 30 минути во куќата на 59-годишната А.А. на улицата „Јане Сандански“.
А.А. во моментот била сама, а пожарот ја зафатил покуќнината. Жената поради чадот кој го вдишала била пренесена во медицинскиот центар во Кочани.
Од полицијата информираат дека денеска ќе биде извршен увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.