| четврток, 6 декември 2018 |

Во пожар во Германија изгореа мајка и седум деца

Мајка и нејзините седум деца загинаа денеска откако избувнал пожар во станбен блок во германскиот град Бакнанг, во близина на Штутгарт, јавија странските медиуми. Пожарот избувнал изутрината околу 4,30 часот по локално време во зграда, во која живееле 13 лица. Мајката и децата биле од турска националност.
pozar

Пожарникарите се бореле со огнената стихија околу пет часа.

Според првичните информации пожарот почнал на вториот кат во зградата, каде имало уред за греење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top