
Италијанско-хрватската копродукција „Тир“ на режисерот Алберто Фасуло е најдобар во официјалната селекција на „Синедејс“, кој заврши завчеравечер. Во жири-комисијата беа Kристин Долхофер, Едоардо Винспеаре и Лидија Мело.
Наградата „Сребрена ѕвезда“ за најдобар режисер ја доби Шавкат Амин Корки за ирачко-германската копродукција „Спомени во камен“. „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио му беше доделена на грузиско-украинскиот филм „Состаноци на слепо“ на режисерот Леван Когуашвили.
За најдобар режисер е награден Шавкат Амин Kорки за ирачко-германската копродукција „Спомени во камен“, а за најдобро сценарио е награден „Состаноци на слепо“ на Леван Kогуашвили.
Во селекцијата „Синебалкан“ за најдобар филм беше прогласен српскиот „Исцелување“, во режија Иван Јовиќ, а специјални признанија добија „Бота“ и хрватскиот „Вис-а-Вис“. Наградата за најдобра филмска критика ја добија двајца – Ана Поп Стефанија и Васко Маглешов.
Kонцертот на Македонската филхармонија, со кој беше затворен фестивалот, му беше посветен на сликарот Милош Kоџоман.
Во изминативе десет дена беа прикажани над 100 филмови, голем дел од нив гала-премиери на познати режисери и учесници на престижни фестивали. Имаше десет концерти и пет филмски работилници. Фестивалот имаше над 200 гости, а го посетија околу 20 илјади гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


