Пристапувањето на Украина кон Европската унија ќе чини 25 милијарди евра годишно, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за весникот „Ханделсблат“.
Треба да бидеме на јасно кој ќе плаќа по 25 милијарди евра годишно, потребни за поддршка на Украина, вели Орбан за германскиот весник.
– Додека ова прашање не биде решено, темата за прифаќање на Украина во ЕУ не е на дневен ред – вели унгарскиот премиер.
Тој прецизира дека не е против пристапување на Украина кон ЕУ, но дека таа треба да биде стабилна економски и политички и да биде во можност да ги контролира своите граници.
За односите меѓу Русија и Западот, Орбан вели дека геополитичките интереси на Унгарија можат да бидат изразени со три збора: мир, енергетика и трговија.
– Нашите интереси не се совпаѓаат со интересите на САД – вели премиерот на Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина



