| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Галатасарај најавуваат нови убиства!?

foto galatasarajПо убиството на српскиот навивач во Истанбул, навивачите на Галатасарај најавуваат нови убиства! Приврзаниците на клубот најпрво свиреле за време на едноминутното молчење во чест на 25-годишното момче кое беше убиено со нож, а не помогнале ниту обидите на тренерот на клубот Ергин Атаман, кој ги смирувал.

На социјалните мрежи осамнаа фоготрафии со транспаренти на кои отворено прашуваат кој е следен, а под тоа се наведени навивачките групи Делии, Гробари, Гејт 7 на Олимпијакос и на ЦСКА.

 Младиот Марко Ивковиќ беше убиен во петокот навечер пред натпреварот меѓу Галатасарај и Црвена звезда во Истанбул, а погребот ќе биде извршен денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top