Претежно сончево време се очекува и денеска. Рано попладне умерено наоблачување се очекува во источниот крај, а истото го очекуваме во западниот регион во текот на вечерта. Утрото ќе биде релативно студено, а денот посвеж во однос на претходниот.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе има вредност околу 10°С во поголем дел од котлините низ земјава. Во југоисточниот крај температурата ќе достигне до 13°С, а на повисоките места, пак, максималната нема да надмине 7°С.
Во скопската котлина претежно сончево време наутро и претпладне, а попладне со умерена облачност попладне и слаб ветер. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 11°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


