
Претседателот на Големото турско собрание Џемил Чичек денеска престојува во официјална посета на Македонија.
Чичек ќе има средба со неговиот домаќин, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со претседателот и членовите на парламентарната група за соработка со турскиот парламент. Чичек ќе се потпише во книгата за впечатоци, а ќе положи и цвеќе на споменикот на паднатите херои за Македонија.
Претседателот на Големото турско собрание Чичек е во возвратна посета на Македонија. Во посета на Големото турско собрание во Анкара во јуни оваа година престојуваше претседателот на македонскиот парламент.
Во рамки на посетата Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.
Попладне Чичек заедно со другите членови на делегацијата ќе го посети Турскиот културен центар Институтот „Јунус Емре“, а ќе оствари и низа други средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


