Наjобичен авио билет за некого може да чини цело богатство. Цените достигаат и до неколку илјади долари. Секако со тие билети доаѓа и комплетен луксуз и разни удобности.
Ова е топ листа на најскапите луксузни летови.
10. Њујорк- Сингапур (SINGAPUR AIRLINES) 14.000 долари
летот нуди апартман од прва класа, со сопствена спална соба и кревет, во која може да се опуштите по гурманскиот оброк и скапо вино.
9. Лос Ангелес- Мелбурн (QANTAS) 14.974 долари
Луксузот почнува со кожените седишта покрај запален камин, а за оние кои сакаат забава, постојат кревети и големи тач-екрани на кои може да се види се и сешто.
8. Лос Ангелес – Токио (JAPAN AIRLINES) 16.078 долари
И повторно, кожни седишта , најудобни кревети со квалитетни душеци, со добар избор на вина и разноврсен забавен програм
7. Њујорк- Сингапур (VIRGIN ATLANTIK) 21.000 долари
Во компанијата ветуваат дека ќе бидете воодушевени од комфорноста која ја нудат седиштата кои се прилагодуиваат на телото. Постојат монитори наменети за секој патник, а можноста за состаноци и гурманска кујна се само дел од предностите на овој лет.
6. Њујорк- Сингапур (SWISS AIR) 22.265 долари
Повратен билет во овој авион ветува дека ќе се чувствувате како „во сопствениот дом над облаците“. Големи кревети специјалитети на светски кулинари и модерно опремени тоалети го прават ова патување незаборавно.
5. Хонк Конг- Њујорк (CATHAY PACIFIK) 26.572 долари
Услугата на овој лет е меѓународно призната и наградувана, така што квалитетот е веќе докажан. Во големата внатрешност, патниците може да пробаат различни специјалитети на кинеската кујна и секако кавијар за појадок.
4. Њујорк- Пекинг (KOREAN AIR) 27.000 долари
Во овој авио ќе го почувствувате кинескиот дух на културата и уметноста, додека уживате во ориенталните специјалитети и традиционалното вино. На копче може да го наместите вашето седиште за спиење и да се впуштите во уживање.
3. Сан Франциско- Абу Даби (ETIHAD AIRWAYS)28.000 долари
Спектакуларниот лет нуди кожен мебел, поделени екрани за забава, приватни мини-барови, богати менија и вински листи, што значи задоволство за сите сетила.
2. Лос Ангелес- Дубаи (EMIRATES FLIGHT) 30.000 долари
Сосема заслужено второ место за овој лет со цена од неверојатни 30 илјади долари. Со него летаат многу познати и славни личности. Сите тие уживаат во своите приватни апартмани, спа-простории и мини бар, кои овие 16 часа лет ги прават буквално да „летнат“.
1.Њујорк- Хонк Конг (LUFTHANSA) 43.535 долари
Ова е најскапиот авио билет во светот. Авионот нуди опции како избор на личен асистент, тоалетни објекти, најдобрите вина и храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


