| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата на Марин Ле Пен се финансира од Русија

Marine-Le-Pen_2711095bНационалниот Фронт – партијата на француската крајна десница, позајмил девет милиони евра од една руска банка за да ги финансира идните предизборни активности. Информацијата ја потврди благајникот на Националниот Фронт (НФ) Валеран де Сант-Жуст.

-Ниту една друга банка не сакаше да ни позајми ниту еден цент, објаснил тој.

Една недела пред конгресот на НФ, партијата која има 25 европратеници потврди дека веќе добила два милиона евра од „Форст Чек Русиан Банк“, со камата од шест отсто годишно. Претседателката на НФ, Марин Ле Пен, уште во октомври во интервју за неделникот „Нувел Обсерватор“, изрази жалење поради неможноста да земат заем од француските банки и појасни дека затоа тие преговарале со банки од САД, Шпанија и Русија.

НФ е евроскептична партија и таа јавно, во Стразбур и Брисел, и, пред се, во Франција, ја критикува политиката на Франција и ЕУ кон Русија во однос на украинската криза. Партијата има долгогодишни врски со Русија.

Делегации на НФ постојано имаат прием на највиско ниво при нивните посети на Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top