| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнис заедницата е за одложување на придонесите на хонорари

Freelance-Writing-Jobs-For-BeginnersПлаќањето придонеси на хонорарите ќе доведе до опасност од отпуштања на работници, предупредува Бизнис-конфедерацијата на Македонија. Оттаму сметаат дека ваквата обврска наместо да ја намали ќе ја поттикне сивата економија.
-Она што сега на некој начин влегува во една сериозна загрижувачка зона е дека последиците од законот може да доведат до нерегуларно, нерегистрирано и работење на сиво. Оние кои работат со скратено работно време има можност да бидат отпуштени и да почнат да работат хонорарно, во нивото до 8800 денари кое не дава бенефити кои ги овозможува општиот колективен договор, договорот за работен однос итн. Тие луѓе ќе останат во сивата зона- смета Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија.

Според конфедерацијата, неопрадано е објаснувањето дека намерата на владата е на овој начин да ги доведе во еднаква позиција граѓаните, бидејќи одлуката е селективна, не важи за државни функционери, врвни спортисти или судии.
-Дури и (да не биде провокација) најдобро за компаниите ќе биде да користат експертски услуги од кој било карактер од оние кои не се опфатени со законот. Тоа е стимулација на компаниите да размислуваат да прават трикови, народски кажано, односно наместо на тој што ја направил услугата, сега ќе треба дедо му да ја заврши работата- оценува Бошков.

Покрај апелите дека обрската треба да важи за сите, бизнис-конфедерацијата на Македонија предлага и менување на законската рамка во однос на лимитот над кој ќе се плаќаат придонеси.Според нив тој да биде над просечната македонска плата, а не над минималната.

Од бизнис заедницата додаваат дека ниту фирмите ниту граѓаните се информирани за ова ново законско решение, има многу недоречености, па од тие причини примената на законот треба да се пролонгира. Во спротивно велат, оваа реформа ќе има дефинитивно лош старт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top