| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП си ја врши работата: засилени контроли за фискални и пушење

pusenje vo kaficИнспекторите на Управата за јавни приходи излегоа на терен и во западниот дел на Македонија. По нивна проценка и согласност со МВР, со нив на терен излегоа претставници на полицијата, изјави премиерот Никола Груевски во дневникот на Алфа Тв.

– Долго време слушавме критики дека немало контрола за законот за пушење во Западна Македонија или немало таму контрола за фискални каси. Сега, кога засилено има контроли, слушаме критики зошто ги има. УЈП си ја врши работата во сите градови. Прави контроли во Скопје, Охрид…, но и во Студеничани, Кондово…Тоа и е работа. Секој подеднакво треба да ги плаќа даноците. Ние имаме најнизок данок во Европа, да потсетам. Со тие приходи од даноците ние плаќаме работи за образование, здравство- рече Груевски.

На критиките дека инспектори од УЈП на терен излегуваат со зајакнати сили, Груевски вели дека таа одлука е донесена како поука од минатите негативни искуства.

– Контролите ќе продолжат секаде, сите се исти пред законот, законите важат за сите. Проблеми секогаш можат да се јават. Во Студеничани имало проблем, но затоа полицијата врши проценка дека е потребно зајакнато присуство, додаде премиерот.

Контролите на УЈП ќе продолжат на територијата на целата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top